Денес во Крива Паланка се реализираше акцијата “Генералка викенд 2”

Во Крива Паланка денес се реализираше големата акција за чистење “Генералка викенд 2”.

Втора година по ред општината е дел од настанот што го организираат Пивара Скопје, “Пакомак” и “Мен енд маунтен”, како дел од кампањата “Зелена и сончева ” и еколошката кампања на ЕУ насловена “Чисто како дома исто”.

-Денес во Крива Паланка се расчистени 59 локации, беа вклучени над 400 учесници од 15-тина установи, организации, претпријатија, компании, и над 10-тина граѓански здруженија, спортски клубови и друштва. Општина Крива Паланка во 2021 беше прогласена за трета нај-еко општина во државата, како резултат на: бројни спроведени активности и проекти, состојба на животната средина, постапување со отпадот, подигнување и одржување на урбаното зеленило, учество на граѓаните во еколошки акции и друго, така што и со денешниот придонес очекуваме голем успех, изјави координаторот на акцијата во Крива Паланка, Бранко Велиновски.

На централниот градски плоштад, по акцијата,  се одржа холистичка еко – прослава “Сончева тепсија”, а учесвуваа дечињата од предучилишна установа,од основните и средното општинско училиште и локални млади музички таленти.

Целта на акцијата е да се подигне јавната свест за собирање и рециклирање отпад за позитивно да се влијае на зачувување на животната средина.

Денес во рамки на генералка викенд беа засадени и околу стотина зимзелени и украсни дрвца.

Големина на фонт
Контраст