Одбележан Ден на пожарникарите, 20 мај

Територијалните противпожарни единици од Крива Паланка и Ранковце го одбележаа со тактичко-показна вежба за гасење на пожар и евакуација на ученици.

Вежбата се реализираше во основното општинско училиште “Јоаким Крчовски”, Крива Паланка, по што се одржа и смотра и презентација на опремата во училишниот двор.

Во вежбата поддршка на целокупната организација даде Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка, чиишто волонтери ги демонстрираа активностите за спасување и евакуација на настрадани лица, со пружање прва помош.

На вежбата присуствуваа градоначалниците на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски и градоначалникот на Општина Ранковце, Борче Спасовски.

Во изминатиот период локалната самоуправа на Општина Крива Паланка аплицираше проект за опремување на двете територијални противпожарни единици од општината и соседната, од Ранковце во чии рамки со финансиска поддршка од УНДП, во рамките на проектот „Безбедни граѓани и заштитени ресурси како предуслов за оддржлив развој“ од Програмата за меѓуопштинска соработка, набавена е нова опрема и тоа: машини за сечење стакло, моторни пумпи за испумпување вода, дувалки за гасење пожар, мултифункционални пили за сечење, напртњачи за вода, дувалки за воздух за гасење пожар, убодни пили за сечење метал и бетон, провпожарни црева, огноотпорни чизми и дрон за снимање на терен за двете противпожарни друштва.

Денес беше и официјално примопредадена опремата за ТППЕ Ранковце.

Големина на фонт
Контраст