По повод Денот на сесловенските просветители браќата Св. Кирил и Методиј, денес градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски ги додели признанијата за најдобари ученици-ученици на генерацијата за учебната 2021/2022 од основните училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ и во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“.
Признијата за најдобар ученик, беа доделени согласно Конкурсот за најуспешен просветен работник во основно и средно образование, како и признание за најдобар ученик – ученик на генерацијата за учебната 2021/2022, а по предлог на самите училишта.
За ученици на генерацијата во 2021/2022 година, добија признанија, Димитар Стојановски ученик во деветто одделение во ООУ Илинден, Никола Николовски ученик во деветто одделение во ООУ Јоаким Крчовски и Ана Стојановска ученик во четврта година во СОУ Ѓорче Петров. Покрај признијата за ученик на генерација, градоначалникот Сашко Митовски, им додели и општинкса плакета и таблет.
Во оваа пригода, градоначалникот Миотвски им посака уште многу успеси во понатамошната едукација и понатамошниот животен пат. Тој исто така потенцираше дека, општината континуирано работи на подобрување, унапредување и модернизација на условите за успешна реализација на едукативниот процес во сите општински училишта и установи, а за тоа најдобро сведочат задоволните просветни работници и учениците, како и нивните бројни награди и признанија, како и активното учество разни образовни програми и меѓународни проекти за развојот на младите.
„Големо е задоволството за мене како градоначалник на општина Крива Паланка, денес да имам можност да бидам во друштво на најдобрите, на првенците на овој град и да ги запознам лично идните инженери, доктори, адвокати, економисти, градители и носители на убава иднина, зошто вие тоа го заслужувате. Овие признанија и награди нека ви бидат мотив за понатамошни ваши лични успеси, просперитет и поттик за уште поголеми резултати“, изјави градоначалникот Митовски .
За жал, оваа година не беа доделени признанијата за најуспешен просветен работник во основно и средно образование во учебна 2020/2021 година, затоа што на објавениот Конкурс немаше пријави за оваа категорија.