Заврши 9-то издание на музичкиот фестивал „ЏОJ ФЕСТ 2022“

По повод празникот Денот на рударите, како и патрониот праник на градот „Свети Јоаким Осоговски“, Општина Крива Паланка организираше богата културна програма, тридневниот меѓународен фолклорен фестивал, како и дводневниот музички фестивал “Џој фест” што се реализираше на градскиот плоштад.

На овогодинешното издание на музичкиот фестивал “Џој фест 2022” настапија Бени и Нон Стоп, Каролина Гочева, “Брас брадрс”( Brass Brothers), “Црвена јабука бенд” и Нокаут, а за празникот на рударите концерт оддржа и Аца Лукас.

– Општина Крива Паланка се погрижи за беспрекорна организација, координација и менаџирање на настанот, што наиде на одобрување кај жителите на градот, кој за цело време на културните настани беше беспрекорно чист и уреден, а особено во пресрет на големиот празник, Успение на Пресвета Богородица и Свети Јоаким Осоговски, како и музичкиот фестивал Џој Фест, заради предвидените големи гужви во сообраќајот.

Го честитам денешниот голем празник на сите верници од христијанска вероисповед, како и патрониот празник на светецот заштитник на Крива Паланка, Св.Јоаким Осоговски.

Во чест на празнувањата се организираат и сите овие големи фестивали и културни настани кои, мора да кажам, бараат голема организација и координација. Како општина која е и одговорни за организирање на сите сегменти во градот,беспрекорно менаџиравме со утврдени паркинг зони, радарска служба за бесплатните паркинзи на шест локации во централниот дел на градот, ангажиравме агенција за обезбедување на настанот, како и навремено одржување на хигиената и расчистување на јавните површини од страна на екипите на јавното претпријатие “Комуналец”, така што, јас сум задоволен од тоа што, и граѓаните уживаа и се задоволни од организацијата, изјави градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Тој воедно упати покана до сите што се во можност, за време на празниците, да бидат гости на Крива Паланка и да уживаат во културната програма,но и да го посетат манастирот каде што се оддржува големо чествување на светителите што го носат името на храмовите во репрезентативниот и преубав манастирски бисер во градот.

Публиката и учесниците беа презадоволни, како и организаторите кои ги собраа сите честитки за организацијата на сите културни настани што се реализираа во изминатиот период во Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст