Општина Крива Паланка и Грос Цимерн, Германија официјално се збратимени градови

На свечена церемонија што се одржа по повод празникот на градот Грос Цимерн синоќа, градоначалникот на Грос Цимерн, Ахим Грим и градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, ја потпишаа повелбата за збратимување, соработка и разбирање помеѓу градовите.

-Задоволство и чест ми е што Општина Крива Паланка од денес ќе биде побогата бидејќи кругот на збратимени градови се проширува со уште една голема пријателска Европска општина. Новите пријателства и воспоставени релации секогаш претставуваат нови можности за соработки и продлабочување на воспоставените комуникации, рече градоначалникот Митовски.

Гости на празнувањата на есенскиот “Фестивал на тиквата” ,8 и 9 октомври, беа делегација од Општина Крива Паланка, од Советот на Општина Крива Паланка и Културно-уметничкото друштво “8 Октомври”, а соработката во областа на културата ќе се проширува во иднина и на други полиња.

Во рамки на посетата, градоначалникот Митовски и претставници од општинскиот совет остварија средба и со претставникот на Советот на Грос Цимерн во Хесен, Манфред Пенц, ја посетија православната црква во Мајнц,а исто така се сретнаа и со повеќе наши иселеници во Германија.

Големина на фонт
Контраст