-Градиме, вложуваме за младите, за иднината.
ООУ „Јоаким Крчовски“, објект „Партизан“ наскоро ќе добие современ спортски терен, тартан подлога на игралиштето, со заштитна ограда, а објектот добива и комплетно нова енергетски-ефикасна фасада.Инвестицијата од 7 милиони денари преку Министерството за образование и наука ќе овозможи модерни и современи услови за учениците.
Денес заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, и директорот на ООУ „Јоаким Крчовски“, Дане Петровски, го посетивме објектот што наскоро ќе добие комплетно нов лик, изјави градоначалникот Митовски.
Заедно извршија увид и во обновениот и реконструиран училишен двор и ентериер на централниот објект на ООУ „Јоаким Крчовски”.
Како што истакна Митовски, сите деца заслужуваат да се едуцираат и развиваат во современи услови, какви што овозможува и оваа воспитно-образовна установа.