Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски и претседателката на Македонското здружение на млади правници-МЗМП Скопје, Александра Цветановска, денес потпишаа Меморандум за соработка за спроведување на проект „Младински активизам за позелени општини”.
Предмет на овој Меморандум е соработка при спроведување на заеднички и координирани активности и изразување на интерес од двете страни, за создавање на соработка, заради зголемување на учеството на младинските организации и младите активисти во процесите на креирање политики за животна средина на локално ниво од една страна, но и поддршка на општината и локалниот младински совет во овие процеси.
Проектот „Младински активизам за позелени општини”.е спроведуван од Македонското здружение на млади правници и партнерските организации, Здружение за одржлив развој и заштита на животна средина ГОУ ГРИН – Скопје, Центар за климатски промени Гевгелија и Здружение на млади Креактив, а поддржан од Европска Унија и има за цел да се засили влијанието на младинскиот активизам за поттикнување одржлив и зелен урбан развој и создавање локални заедници отпорни на климатски промени.
Соработката со организациите од Проектот, ќе биде во насока на промовирање и поддршка при спроведување на заеднички активности и резултати, како и соработка со организациите за теми од интерес за договорните страни, а во рамки на надлежностите, овластувањата и можностите на партнерите.