Градоначалникот Митовски подели новогодишни пакетчиња на децата од ромска националност

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, мотивиран од идјеата дека секое детенце треба да ја почувствува топлината и среќата на новогодишните празници,  градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски денес ги изненади децата од ромска националност од населба Единство, подарувајќи им новогодишни пакетчиња.

„Општина Крива Паланка во фокусот на своето работење ги става потребите на децата и младите, како најчуствителниот дел од населението, затоа денес срцата ни се посебно испонети бидејќи успееме да предизвикаме барем една насмевка кај детските лицата и да ги израдуваме на овој скромен начин, зошто секое дете заслужува и има право на новогодишна радост и среќа.

Ќе ја искористам оваа прилика, и во мое лично име и во име името на општина Крива Паланка, на сите да им посакам многу здравје, убавини и радост, исполнети соништа и желби за просперитет во Новата Година“- изјави во оваа прилика градоначаланикот Митовски.

Дечињата од ромската националност беа видно изненадени, среќни и весели од пријатното изненадување и вниманието кое го добија од страна на градоначалникот Митовски, а нивните родители изјавија дека ова претпразнично изненадување ќе остане засекогаш во сеќавањето на овие деца.

Големина на фонт
Контраст