Покрај низата на стимулативни мерки и стипендии за ученици, спотристи и студенти, кои општина Крива Паланка ги реализира во претходниот период, Советот на општина Крива Паланка усвои одлуки за вовдеување на нови стимулативни мерки за поддршка на младите и тоа:
- Одлука за определување на максимален износ на финансиски средства за доделување на поединечна субвенција за студенти од прва година на студирање (бруцоши), за купен дигитален уред во учебната/академската 2022 – 2023 година;
- Одлука за определување на максимален број на субвенции и максимален износ на средства за доделување на поединечна субвенција за млади невработени лица жители на Општина Крива Паланка за купување на дигитален уред за 2023 година;
- Одлука за давање согласност за обезбедување на бесплатен термин за користење на спортски објекти.
Наведените одлуки за поддршка на студенти-бруцоши и млади невработени, за набавка на дигитални уреди, се донесени врз основа на претходно усвоени правилници по кои ќе се спроведува постапката за исплата на средсвата за субвенционирање.
За навремено информирање на потенцијалните корисници на субвенциите согласно донесените одлуки, во прилог на ова известување следуваат и правилниците во кои детално се наведени сите потребни информации за критериумите-условите,постапките и начинот, како и временскиот период за објавување на јавен повик и пријавување по одредена категорија за субвенција.
Лица за контакт за информации за стимулативни мерки за млади:
Даниела Милошевска- Овластен службеник за млади-mail: [email protected]