Оддржан инфо ден за граѓански организации и фондации

Денеска во просториите на Општина Крива Паланка се одржа инфо ден за здруженија на граѓани и фондации, кои се заинтересирани да аплицираат на распишаниот ЈАВЕН ПОВИК за поднесување на пријави за финансиска поддршка за користење на средства од буџетот на Општина Крива Паланка за 2023 година, наменети за проектни апликации на здруженија и фондации со седиште во Општина Крива Паланка.

На инфо денот, заинтересираните претставници на здруженијата и фондациите, беа информирани за критериумите кои треба да ги исполнат здруженијата, беше детално објаснет начинот на пополнување на апликацијата и пополнување на формуларите-анексите и потребната документација, која е составен дел на самата апликација и воедно беа разгледани и продискутирани прашања од интерес на граѓанските организации.

Големина на фонт
Контраст