Приближува големиот верски празник ВЕЛИГДЕН кој ги поврзува минатото и сегашноста, и ја сплотува традицијата и младоста. За да ја зачуваме и продолжиме традициjата понатаму, Општина Крива Паланка заедно со ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка традиционално и оваа година ја организираат манифестацијата „ВЕЛИГДЕНСКА ТРАДИЦИЈА“ која годинава ќе се одржи на ден 18.04.2023 г. (ворник) од 10:30 часот – трет ден Велигден на централниот градски плоштад во Крива Паланка.
Ги покануваме сите заинтересирани да земат учество во манифестацијата „ВЕЛИГДЕНСКА ТРАДИЦИЈА“ 2023 на ден 18.04.2023 г. (вторник) во 10:30 часот со ваши лични или колективни (групни) изработки.
Манифестацијата е од натпреварувачки карактер со организација на избор, за најубаво велигденско јајце, избор за најубава велигденска декорација, натпревар во најцврсто јајце и велигденски игри со натпреварувачки карактер.
Пријавување за учество во манифестацијата е во просториите на ЛУ Градски Музеј-Крива Паланка, секој работен ден од 08 до 16 часот, кај лицто за контакт: Наталија Милковска и на тел. (071 353 045), e-mail: [email protected] или на самиот ден на манифестацијата најдоцна до 10:00 ч.
За сите информации околу манифестацијата може да се информирате и на ФБ страните: Gradski muzej, Gradski Muzej Kriva Palanka и Култура општина Крива Паланка.
Сите изработки треба да бидат означени со ваша шифра која ќе си ја изберете. Изборот на најубаво велигденско јајце ќе го прави однапред формирана тричлена жири-комисија.