Еколошка акција ,,ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД   во Крива Паланка

Jавен повик ,, ВКЛУЧЕТЕ СЕ И ВИЕ,,

На ден 12 мај ( петок) по трети пат во Општина Крива Паланка ќе се реализира големата Еколошка акција насловена како ,,Генералка Викенд,,.

Оваа масовна  еколошка акција  на генерално чистење на природната средина, во оваа 2023 година , ќе се реализира во над педесеттина општини во нашата држава  и истата е широко прифатена во јавноста и подржана од голем број на субјекти бидејки има благородна еколошка мисија.

По тој повод се повикуваат :  граѓаните,   граѓанските здруженија, училиштата ,институции , претпријатија  компании, политички партии, спортски клубови ,  совети и заедници  на станари , месни заедници  и други  субјекти , да покажат  добра воља  односно  да се  вклучат сите  кои се во можност во оваа благородна еколошка акција

Заедно сите да допринесеме  ДА ја направиме нашата општина  чиста  и зелена,

ДА одвоиме барем малку време  и да излеземе сите заедно,  во ист ден ,во исто време   и со иста  цел – сите да покажеме   со личен пример и опшествена одговорност колку  ни е важна природната  средината и околината во која живееме и работиме, да покажеме дека отпадот треба да се  остава на определени места  предвидени за негово одлагање,  да покажеме дека дека отпадот  треба да се селектира и  рециклира.

Граѓаните  во акцијата можат да се вклучат  на два начина  и тоа:

– со вклучување работно во акциите за собирање на оставен или фрлен  отпад  од уредени и неуредени зелени површини во околина на своите домови , игралишта , речни корита , долови , покрај улиците и своите дворови  и други  слични локации.

– или преку  предавање  на непотребен и неупотреблив отпад од своите домови , како на пример  ( стаклени шишиња , тегли , пластични шишиња, лименки , електронски отпад , неупотребливи апарати ,  неупотребливи автомобилски  гуми, хартија и  слично) на определените места за селекција на отпад  поставени во градот.

Искрено се надеваме на подршка  од сите Вас бидејки ова не го правиме  за некој друг  туку за самите себе и за нашите идни генерации.

Да покажеме висока Граѓанска и Еколошка свест на нашата општина кога се работи  за создавање на чиста и зелена   животната средина и природа. .

Оставете ги за малку  мобилните телефони, телевизиските серии, социјални мрежи и излезете малку во дворот , во неговата околина  и направете нешто за себе .

ВКЛУЧЕТЕ   СЕ и  ВИЕ.

Акцијата почнува во петок 12 мај  со почеток во 09 часот
Информации и  пријавувања  на контакт тел: 075 236 557.

Големина на фонт
Контраст