Во општина Крива Паланка денес се оддржа првата обука (работилница) за развој на женски бизниси, во организација на Центарот за управување со промени (ЦУП) и во соработка со општина Крива Паланка.
Денешната работилница за развој на женски бизниси во општина Крива Паланка, се спроведува во рамки на проектот “Социо-економско јакнење на младите жени во Североисточен плански регион на РСМ”, кој е финасиран од Европската Унија.
Целта на воведната сесија беше да се запознаат жените од општината со областа на економија на грижа и поимите поврзани за бизнис моделирање.
Учесничките на сесијата, беа информирани за влијанието и значењето на социјалното претприемништво врз благосостојбата на населението, екологијата и планетата.
Дополнително, се говореше за позитивните меѓународни практики и практични примери кои можат да бидат имплементирани во нашиот регион, а кои ќе допринесат кон зајакнување на социо-економската состојба на младите во руралните средини.
Во рамки на воведната работилница се дискутираше за потребите од социјални услуги во општината и можностите на жените учеснички да започнат сопствен бизнис во областа на грижа, согласно нивните вештини и знаења.
Една од главните цели на на денешната прва работилница беше да се развијат иновативни идеи на бизнис модели кои ќе придонесат кон развој на женското претприемништво и воедно на економијата на грижа во општина Крива Паланка.
Со овој проект се предвидени вкупно четири обуки, кои се наменети за жени до 35 години од општина Крива Паланка, а целта на обуките е, да им помогнат на младите жени од руралните средини да развијат креативни идеи за започнување на сопствен бизнис согласно вештините и можностите кои тие ги поседуваат.