Општина Крива Паланка денес одбележува 79 години од ослободувањето

Општина Крива Паланка денес одбележува 79 години од ослободувањето со низа свечени настани и богата агенда.

Празнувањето на Денот на градот започна со свечен прием за гостите во кабинетот на градоначалникот, а продолжува со свечена седница на Советот, положување цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ и академија на која ќе биде врачена годинашната Осмооктомвриска награда.

Прославата на Денот на ослободување на Крива Паланка ќе вброи настани на кои ќе присуствуваат бројни соработници на локалната самоуправа и на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. Најавено е присуство на повеќе од четириесет делегации од амбасади, министри, делегации од збратимените градови, локални институции, здруженија и организации.

-Пријателството е доказ дека сте богати, а Општина Крива Паланка е навистина богата.

Денес со свечени настани го славиме Денот на градот и посакувам да ни е вековита општината, а ние ќе продолжиме со љубов да ја развиваме и градиме, изјави градоначалникот Митовски на свечениот прием во кабинетот, со кој започнаа свеченостите во рамки на 79 – годишнината од ослободувањето на општината.

Големина на фонт
Контраст