Во рамките на проектот за асфалтирање на девет улици и мост во Крива Паланка, деновиве привршува градбата на улица „Осоговска“ односно се поставува асфалтниот слој и се уредуваат банкините и околниот простор. Улицата беше со првично планирана должина од 518 метри, но по барање на Општината и со одобрение на МСИП-Светска Банка должината е продолжена за уште 70-тина метри.
Изградени се и неколку потпорни ѕидови, а по целата должина поставена е атмосферска канализација.