Жителите на кривопаланечките села Мождивњак и Конопница по долги децении исчекување, конечно деновиве ќе добијат нов асфалтен пат.
Патниот правец Крива Паланка – село Мождивњак, преку село Конопница, се асфалтира во рамките на програмата на Владата за реконструкција и рехабилитација на локалната патна инфраструктура, за која од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) беа обезбедени 409.000 евра наменети за два приоритетни патни правци во општина Крива Паланка и тоа:
– Патниот правец Крива Паланка – с. Мартиница, преку населба Скрљава (делница 1- со должина од 497,6 метри и делница 2 -во должина од 632,41 м. или вкупно 1130 м) и
– Патниот правец Крива Паланка-с. Мождивњак, преку с.Конопница, во должина од околу 6 километри.