Заврши асфалтирањето на патниот правец Крива Паланка – село Мождивњак во должина од околу 6 километри и ширина на коловозната лента од 3.5 метри. Патниот правец Крива Паланка – село Мождивњак, преку село Конопница, се асфалтира во рамките на програмата на Владата за реконструкција и рехабилитација на локалната патна инфраструктура, со средства од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).