Во Градскиот музеј во Крива Паланка, отворена е изложбата „Долгиот пат на една идеја – Железничка линија Софија – Ќустендил – Скопје”. Изложбата преставува една ретроспектива на премрежјата при изградбата на железничката пруга – Софија – Ќустендил – Скопје и низ документи и фотографии ни го преставува нејзиниот историски пат, развој и прекин низ целиот 20 век.
Автор на изложбата е главен асистен Ангел Џонев, историчар, во Регионалниот историски музеј во Ќустендил. Настанот е дел од манифестацијата Крива Паланка – град на културата 2013 година.