ИЗЛОЖБА „ INFINITIY /БЕСКОНЕЧНОСТ“ НА ИРЕНА ПАСКАЛИ ВО КРИВА ПАЛАНКА

Во галеријата на  ЛУ Градски музеј Крива Паланка, на 30 мај (четврток) , со почеток во 20 часот, ќе  бите отворена изложбата   „ Infinitiy/Бесконечност“ на светски познатата уметница Ирена Паскали.

Изложата претставува мултимдијален проект  кој комбинира инсталација во простор од целулоидни летни и камен, видео , фотографија и цртеж.

„Инсталациите кои ги создавам со целулоид се привремени, тие се реализирани за самата локација каде се поставуваат, се документираат, а по изложбата  се уништуваат“, истакнува Паскали.

Ирена Паскали дипломира на ФЛУ во Скопје , а магистрира во Келн, Германија,  каде живее и работи  од 2004 година. Таа е уметница од светски ранг , која континуирано е присутна во сферата на визуелната уметност, секогаш претставувајќи се со инсталации, интервенции во простор, со комбинирани медиуми и материјали, цртеж, фотографија, звук и видео.

Изложбата е дел од манифестацијата „ Крива Паланка – Град на културата 2024“.

Големина на фонт
Контраст