На “Пролетниот општински крос” над 400 учесници од градот 

Под покровителство на Општина Крива Паланка денес се одржа една од најмасовните младински спортски манифестации во градот,  “Пролетен општински крос” на кој учествуваа околу 400 млади, основци и средношколци.

Годинашниот пролетен крос го организираше  Општинскиот Сојуз на училишни спортови, со  одлична координација на професорите по физичко и здравствено образование и спорт и спортски активности, а настанот како и секоја година беше под покровителство на Општина Крива Паланка 

И годинава главната улица во градот за време на одржувањето беше исполнета со младешка енергија, момчињата и девојчињата од градот ги одмерија своите атлетски перформанси и брзина, трчајќи од различни дистанци поделени по возрасни категории.

Во крос-натпреварот учествуваа ученици од шесто до деветто одделение од двете основни училишта,ООУ “Св.Јоаким Крчовски” и ООУ “Илинден”, како и од средното општинско училиште “Ѓорче Петров”, а најбрзите и најуспешните заслужено освоија медали и дипломи за постигнатите резултати.

Општина Крива Паланка преку разни програми и мерки насочени директно кон младите им овозможува низа поволности: субвенции и различни видови финансиски средства еднократно, почнувајќи од првооделенците, преку матуранти, талентирани ученици, спортисти, млади брачни парови.

Во спортот се инвестира како никогаш досега од буџетот, споредено со претходните години,а втора година по ред се доделува директна буџетска финансиска поддршка за спортски здруженија и клубови.

Општина Крива Паланка во Програмата за спорт за 2024 година издвои 2.395.000 денари.

Големина на фонт
Контраст