Градоначалникот Митовски потпиша меморандум за соработка со “Макпетрол”

Со цел реализација на кампањата за едукација против врсничко насилство на “Макпетрол”, како општествено одговорна компанија, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, потпиша меморандум за соработка со „Макпетрол“, со што се овозможува учениците од нашиот град да бидат опфатени со кампањата за едукација за спречување врсничко насилство.

Како општествено одговорна компанија „Макпетрол“ ќе организира работилници и едукативни средби за ученици, наставници, педагози и психолози за различните аспекти на булинг.

Учениците ќе добијат едукативни прирачници што можат да ги споделат со своите родители и ќе имаат можност да разговараат со психолог, искусен во оваа област.

Општина Крива Паланка со овој меморандум ќе биде дел од големата кампања на оваа компанија за заеднички пристап на општествените чинители кон детекција и спречување на булингот помеѓу младите.

Големина на фонт
Контраст