Градоначалникот на Дупница во официјална посета на Крива Паланка 

Денес официјална посета на Општина Крива Паланка беше оствари градоначалникот на збратимената Општина Дупница, Република Бугарија, Прван Дангов, кој беше гостин на градоначалникот Сашко Митовски.

Нашите две општини се пример за успешна, речиси две децениска, соработка во повеќе области, особено во прекуграничната соработка по разни програми на Европската унија, со реализирани над 10-тина Европски проекти.

Градоначалникот Митовски во оваа прилика истакна дека дваесетгодишната соработка ќе се круниса со уште еден заеднички партнерски проект помеѓу Општина Крива Паланка и Дупница, проектот “ПАРКС”, Зачувување на областите преку регионални знаења и одржливиот, аплициран на ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за позелени погранични региони.

“ПАРКС” е инвестициски проект со кој ќе се изгради парк со уредени зелени површини околу комплексот згради кај нас.”Единство”.

Општина Крива Паланка ја продолжува успешната меѓународна соработка преку градење пријателства и трајни партнерства за добробит на нашите граѓани и општината.

Големина на фонт
Контраст