Кривопаланчани ќе имаат извонредна можност да уживаат во звукот на чалгијата на целовечерниот концерт „Дај една чалгија“, кој ќе се одржи на летната сцена на Градскиот плоштад, на 18 јуни (вторник), со почеток во 20,00 часот.
Чалгиската инструментална група е предводена од Сашко Митев, вокалист и инструменталист, член на амсамблот „Танец“, придружуван од Костадин Андоновски-виолина, Влатко Терзиски – кларинет, Тимко Чичаковски –канон и Дамјан Зифовски –тарабука.
Чалгиската вечер е извонредна можност за потсетување на вистинскиот дух на македонскиот музички народен јазик преку виртуозните звуци на македонската чалгија, исполнета со емоции и традиционални мелодии.