SemiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” Name=”Colorful Grid” />
Амбасадорот на Република Словачка во Р. Македонија, г.Мартин Безак денеска беше во посета на општина Крива Паланка. Амбасадорот Мартин Безак најпрвин оствари работна средба со градоначалникот Арсенчо Алексовски.
На средбата беше разговарано за збратимување на Крива Паланка со словачки град и заедничка имплементација на проекти од ЕУ фондовите. Градоначалникот Алексовски го запозна амбасадорот Безак со моменталната состојба во општината во поглед на реализираните и идните проекти, а беше разгледана и можноста за економска соработка со словачки компании.
Амбасадорот Безак во придружба на градоначалникот Алексовски ги посети манастирот Свети Јоаким Осоговски и ЛУ Градски Музеј.