На Петровден ќе се одржи традиционалната  манифестација „Краиште 2024“

На големиот христијански празник, Петровден, во петок, 12 јули 2024 година, на месноста Голеш кај тромеѓето помеѓу Република Северна Македонија, Република Бугарија и Република Србија, ќе се одржи традиционалната манифестација „Краиште 2024’, што низ децениите ги зближува народите од пограничниот регион и го одржува пријателството на жителите на трите погранични општини Ќустендил, Босилеград и Крива Паланка.

На Петровден на Голеш се одржува и голем народен собир, мештани и голем број луѓе од областа Краиште доаѓаат од различни краеви, па поради тоа, во текот на денот, за полесен пристап на сите граѓани – во периодот од 8 часот наутро до 20 часот навечер,отворен за минување ќе биде граничниот премин 32/37 кај Краиште.

Граѓаните ќе можат да минуваат преку преминот со важечка лична карта или патна исправа.

Традиционална трилатерална средба како и секоја година, и годинава со свои настапи ќе ja збогатат културно-уметнички друштва и ансабли од овие три градови.

Настанот „Краиште 2024”  е дел од програмата на “Кривопаланечко културно лето” и манифестацијата „Крива Паланка – Град на култрата 2024“.

Големина на фонт
Контраст