“Паланечка дума” на “Крива Паланка – Град на културата”

Над дваесетина роднокрајни автори од Крива Паланка вечерва беа претставени на настанот насловен “Паланечка дума” што се одржа на летната сцена во градскиот парк во “Градот на културата”.

Во организација на Националната установа Центар за култура Крива Паланка се одржа настанот на кој се рецитираа стихови, се читаше проза и се драматизирање сцени од делата на кривопаланечките поети, романсиери и драматурзи од градот.

-Емоции преточени во стихови, карактери – од роман ликови и паланечки дијалект низ драмски реплики од дваесетина автори од Крива Паланка, роднокрајни творци, одекнаа вечерва во етерот на летната сцена во градот на настанот посветен на роднокрајни автори – “Паланечка дума”. Богатото локално творештво низ раскошна книжевна лепеза беше презентирано, а публиката со задоволство и громогласен аплауз го поздрави изборот на организаторот, да ги собере на едно место авторите чиишто дела ја збогатуваат и за идните поколенија ја оставаат збирката авторски белетристични публикации.

Настанот беше дел од манифестацијата “Крива Паланка – Град на културата” и “Кривопаланечко културно лето”

Публиката беше почестена со уште една одлична книжевна вечер, а со музички перформанс настанот го збогати младата, талентирана Нина Николовска, под менторство на професорката Лариса Жулина-Митовски.

Големина на фонт
Контраст