Незаборавна забава за најмладите  со магионичарот иилузионист Кристијан Шопов

Детски извици, аплаузи, многу возбуда и игра понуди неверојатното шоу на магионичарот и илузионист Кристијан Шопов, кое се одржа синоќа на летната сцена на Градскиот плоштад.

Најмладите уживаа во волшебната игра на магијата и илузијата на магичното стапче со неверојатни трикови и вештини на познатиот Шопов.

Летната сцена беше преполна со детски насмевки, смеа и радост, а најмладите се натпреваруваа кој попрво да учествува во волшебната игра на магијата.

Кривопаланечко културно лето понуди  извонреден настан за детската публика , кој годинава е дел од програмата на Крива Паланка-Град на културата.

Големина на фонт
Контраст