Градскиот базен отворен, нови можности за младите летово

По речиси една деценија пауза, официјално е ставен во функција градскиот базен во Крива Паланка, со кој стопанисува ватерполо клубот “Крива Река”.

Базенот е отворен за капачи и посетители, а отворени се и школа за пливање и школа за ватерполо.

Градскиот базен во Крива Паланка конечно е место кадешто присутните можат да уживаат и да се разладат од летните горештини, особено на овие екстремно високи температури.

Ватерполо клубот “Крива Река” чијшто претседател е познатиот македонски ватерполист, Боро Стефановски, минатата година потпиша концесија за период од десет години за стопанисување со градскиот базен во Крива Паланка и најави дека се направат напори да се вложува етапно во што поголема функционалност не само на базенот, туку и на целиот комплекс содржини.

Бројни заинтересирани дечиња од градот веќе ја посетуваат школата, а деновиве ги посети и со нив работеше Томи Стефановски, долгогодишен државен првак во ватерполо, пливање и светски шампион во маратонско пливање во 2016 година.

Големина на фонт
Контраст