Комплетно асфалтирана фаза 2 од централната улица во Крива Паланка 

Градежните работи од проектот за рехабилитација на централната градска улица во Крива Паланка успешно се завршени на трасата од Фаза 2, со која комплетно е асфалтиран коловозот во должина од 540 метри,информираат од локалната самоуправа на општината.

Оваа фаза е на потегот: од мостот кај населбата “Единство” до долот Нимулија и крстосницата кај т.н. “Шанин мост”.

Комплетно е асфалтирана трасата од Фаза 2 на централната градска улица од нас.Единство до Нимулија. Рехабилитација и асфалтирање се извршени на 540 метри од улицата “Св. Јоаким Осоговски”, а до конечно завршување на градежните работи на оваа фаза остануваат интервенции на тротоарите и изградба на потпорен ѕид кај м.в.Огледало. Овој капитален проект за рехабилитација на главната улица “Св.Јоаким Осоговски” е вреден 35.000.000 денари, средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски со финансии од Светска банка. Покрај реконструкција на улицата, истата на делови се проширува со трета лента за паркирање.

Оттаму нагласуваат дека фаза 1 од проектот е на потегот од долот “Нимулија” до “Соларски мост”, кадешто е планирано регулирање на сообраќајот со кружен тек.

Градежните работи од Фаза 1 се планира да започнат во септември.

 

Големина на фонт
Контраст