Градоначалникот Митовски гостуваше во МРТ1 “Програма на градови”

На покана на националниот сервис, МРТ 1, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на 22 јули 2024, беше гостин во емисијата “Програма на градовите”.

Во интервјуто со новинарката Сузана Апостолова, водителка на “Програма на градови”, градоначалникот говореше за градежната офанзива во општината, за тековните проекти со кои градот добива урбан лик, за добиената втора награда за “Најеколошка општина во 2023”, за културната програма од престижната манифестација “Крива Паланка -Град на културата” што ја прави општината привлечна туристичка дестинација, за прекуграничните проекти финансирани од ЕУ фондовите, за идните проекти што во континуитет го менуваат ликот на градот.

 

Големина на фонт
Контраст