Музичка вечер со Duo Bright во Градот на културата-Крива Паланка

На програмата на Кривопаланечко културно лето и на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата“, вечерва е настапот на музичкиот состав  Duo Bright, кој ќе се одржи на летната сцена на Градскиот плоштад, со почеток во 20,00 часот.

Музичката вечер е посветена на поп-рок музиката, а ќе настапат музичарите Марио Марков и Кристијан Николов  на гитара.

Младите музичари досега настапувале во Турција, Швајцарија и во Македонија и во подготовка се повеќе нивни авторски дела.

Музичката вечер се реализира во рамките на Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.

Големина на фонт
Контраст