Целовечерен концерт на КУЗ „Фолклористи“

На 27 јули, сабота, со почеток во 20,00 часот, на Плоштадот „Карпошово востание“ , КУЗ Фолклористи“ ќе одржи целовечерен концерт во рамките на Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата 2024“.

На концертот ќе настапат бројните фолкорни играчи и инструменталисти од ова фолклорно здружение, кои се достојни репрезенти на кривопаланечката и македонска традиција и народно творештво во земјава и во светот.

Концертот на КУЗ “Фолклористи“ е поддржан од Општина Крива Паланка и е дел од богатата културна програма во градот.

Големина на фонт
Контраст