Одбележан Илинден во Крива Паланка со полагањње свежо цвеќе пред Споменикот на паднатите борци

Делегации на Општина Крива Паланка, државните и локални институции, политички партии и здруженија положија свежо цвеќе на Споменикот на паднатите борци, во чест на ИЛИНДЕН, 2 август – симболот на македонската непокорност и стремежот за слободна и демократска држава, посветени на Илинденското востание 1903 и на Првото заседание на АСНОМ 1944 година.

Претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска истакна дека сите сме деца на Илинден и славната македонска борба и имаме света должност да ја чуваме македонската државност и иднината на генерациите што доаѓаат.

„Идеалите на Илинденците, Крушевската Република и НОБ станаа реалност и денес имаме слободна, независна и демократска македонска држава. Славните историски настани од 2 август 1903 и 1944 година засекогаш ќе бидат потсетник на македонската непокорност, борба и стремеж за подобра иднина што ќе не обединуваат и инспирираат во нашите заложби за европска Македонија“, подвлече Павловска.

Во чест на Илинден беше одржан и драмски перформанс “Заклетва”, во изведба на КУЗ”Фолклористи”, според сценарио и режија на Емил Додевски.

Годинава се  одбележаат 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ.

Големина на фонт
Контраст