Балканската мега-ѕвезда Северина ќе настапи на градскиот плоштад Крива Паланка на 28 август

Општина Крива Паланка годинава е носител на манифестацијата “Град на културата”, а покрај богатата програма, особено во август, од општината го најавија и големиот концерт на хрватската пејачка, Северина, за 28 август, Голема Богородица, во пресрет на 29 август, празникот на градот и денот на чествување на светецот – закрилник на Крива Паланка, Св.Јоаким Осоговски.

Општина Крива Паланка со задоволство го најавува концертот на една од најпопуларните регионални музички ѕвезди, кралица на сцената чиишто хитови се неодминлив дел од секоја забава, хрватската пејачка Северина, главна ѕвезда на големиот празничен концерт во Крива Паланка на 28 август 2024. Концертот е со почеток во 22 часот и 30 минути на градскиот плоштад.

Општината ја продолжува традицијата на организација богата летна култура програма во Крива Паланка, а по минатогодишниот концерт на Здравко Чолиќ, годинава Северна, пејачката – миленик на публиката од сите генерации, ќе ги разигра и разубави празнувањата во Крива Паланка.

Едно е сигурно, на 28 август сите патишта ќе водат во Крива Паланка – “Градот на културата”.

Празничниот концерт ќе го отвори македонскиот пејач со моќен вокал, младиот Давид Темелков, кој ги освои домашната публика и дијаспората со прекрасната нумера “Мојата Македонија”. Настапот на Темелков се најавува како музичко загревање пред настапот на балканската Северина, а за загарантирана продолжена музичка забава по Северна следуваат Брас брадрс ( Brass brothers).

Инаку, неделава не изостануваат бројните настани на програмата на “Кривопаланечко културно лето” и манифестацијата “Крива Паланка – Град на културата”.

Вечерва на летната сцена во градскиот парк ќе се одржи Меѓународната поетска манифестација”Лирски треперења “, утре, 15 август во дворот на основното училиште “Св.Јоаким Крчовски” ќе гостуваат “Europ’Raid”- караван на тркала”Пежо 205″ со 600 Французи, подоцна во уметничката галерија на ЛУ Градски музеј Крива Паланка ќе бидат изложени минијатури на уметничката Александра Гедеон, со почеток во 19 часот и 30 минути, додека од 21 часот во градскиот парк ќе се одржи концерт на Bad ass all.

За петок, 16 август, е закажан концерт на Наташа Малинкова, една од најталентираните пејачки на македонската поп сцена која ќе донесе музичка вечер со незаборавни хитовски рефрени, концертот е закажан за 20 часот, а во исто време,сабота, 17 август ќе се одржи ретроспективен концерт на детскиот музички фестивал “Распеано симитче”.

Големина на фонт
Контраст