Општина Крива Паланка повторно меѓу најтранспарентните институции во државатa

Со подобрување на параметрите за активна транспарентност од 14.3 отсто, споредено со претходната година, Општина Крива Паланка повторно се вброи во јавните институции со многу добра транспарентност,што претставува највисок степен на транспарентност согласно истражувањата на Центарот за граѓански комуникации.

Како Општина постојано стремиме кон транспарентност и објавување на сите информации за поголема отвореност и достапност до граѓаните и тоа е видливо и високо вреднувани од страна на релевантните институции и чинители. Во 2023 година Општина Крива Паланка има висок индекс на транспарентност 95.7 %, бележејќи подобрување од 14.3 % на параметрите споредену со прерходната година, така што, во Североисточниот регион сме второ рангирана Општина, додека на ниво на државата сме во друштво на највисоко транспарентите општини.

Петта година по ред Крива Паланка е во најдобрата група, институции со многу добра активна транспарентност, рангирани според истражувањето на Центар за граѓански комуникации.

Рангирањето се темели на редовно и на сопствена иницијатива активно објавени информации, без доставено барање за пристап до истите.

Ова уште еднаш дава јасна слика за општината, со високо ниво на: достапност, транспарентност и отвореност и ги потврдува заложбите на градоначалникот и општинската администрација за постојано подобрување и унапредување на услугите за граѓаните.

Големина на фонт
Контраст