Интерпретацијата на светските и домашни хитови на извонредната Наташа Малинкова на летната сцена во Крива Паланка ја воодушеви кривопаланечката публика, која заедно со неа ги пееше познатите рефрени.
Како и секогаш Малинкова со леснотијата и препознатливата енергија ги отпеа авторските песни и хитовите од домашната и светска музичка сцена.
Публиката,уживаше во уште една пријатна музичка вечер од Кривопаланечко културно лето и Крива Паланка – Град на културата каде веќе се чувствува празнична атмосфера, има се поголем број посетители и сите се подготвени за забава и дружење.