Асфалтиран крак од улицата “Партизанска” во населба Осичка маала 

Во пресрет на претстојните големи празници, заврши асфалтирањето на улицата “Партизанска” во населба Осичка маала и жителите ќе чекорат по нов асфалт

Реконструкцијата е извршена во рамки на Развојната програма на Општина Крива Паланка за 2024 година.

Извршени се реконструкција и рехабилитација на крак од 100 метри на улицата со површина од 480 м2 и извршена е нивелација на постојните шахти на потегот од “Да-Бо” до пералната кај обиколницата.

Покрај оваа улица, во Осичка маала во тек е реконструкција на уште две улици, за што се инвестираат вкупно 8.000.000 денари со ДДВ во рамки на Развојната програма на Општина Крива Паланка за 2024, за реконструкција, рехабилитација и одржување на локални улици и патишта.

За урбана и уредена општина во градот во тек се повеќе инфраструктурни проекти.

Се работи на реконструкција на двата мостови на Крива Река што се очекува наскоро да бидат завршени, во тек е проектот за реконструкција и проширување на централната градска улица со изградба на кружен тек, на спортскиот комплекс се гради игралиште за мал фудбал со вештачка трева и ќе биде уреден првиот парк за миленици, а исто така ќе биде поставена урбана опрема за уредување на детско катче во рамки на комплексот.

Големина на фонт
Контраст