По повод празнувањето на Денот на Рударите, 28 август , кога се чествува празникот на Пресветата Богородица, заштитничка на сите рудари, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, во Пробиштип присуствуваше на централната прослава во организација на “Булмак”, компанијата што стопанисува и со рудникот “Тораница” во Крива Паланка.
Нашиот град е рударски град, а рударството е сектор што има значаен придонес во економијата.
Со својата макотрпна работа и професионалност рударите придонесуваат и во економијата, а со тоа и во развојот на општината и државата.
Во чест на 28 август, Денот на рударите, градоначалникот Митовски на сите рудари им посака добро здравје, среќа и просперитет.
И од име на Општина Крива Паланка им посакуваме честит Ден на рударите со рударскиот поздрав: – Среќно!