Градоначалникот Митовски присуствуваше на 22 седница на УО на ЗЕЛС

Денес градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски и претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска, присуствуваа на 22 седница на Управниот одбор на ЗЕЛС што се одржа во просториите на Општина Кавадарци.

Седницата беше со 4 точки на дневен ред:

1.Одлука за донација на две половни возила од ЗЕЛС на две општини;

2.Разгледување на иницијатива од Општина Центар за дополнување на Законот за комунални дејности;

3.Назначување претставници на ЗЕЛС за членови на АРЛЕМ – Локално и регионално собрание на ЕВРО-МЕДИТЕРАНОТ и

  1. Разно.

Конструктивните дискусии по точките ја отворија иницијативата за законски измени во Законот за комунални дејности за изрекување високи глоби при непочитување на законот за сите оние што создавааат диви депонии.

Инцијативата ќе се проследи до соодветните институции и се очекува да донесе нулта толеранција за загадувачите на животната средина.

Чисти, зелени, урбани општини се приоритет на ЗЕЛС, а придонесот на Општина Крива Паланка во таа насока како е препознатливиот имиџ на една од најчистите и најзелени општини во државата.

Големина на фонт
Контраст