Годинашното , 16- то издание на Меѓународниот театарски фестивал “Свети Јоаким Осоговски” повторно ќе донесе атрактивни и реномирани театарски претстави од театри од земјава и Балканот.
Фестивалот ќе се одржи на сцената во Националната установа Центар за култура Крива Паланка од 27 септември до 5 октомври 2024, а “Градот на културата” во периодот на одржување ќе биде отворена сцена за врвни актери од државата и регионот.
Лауреат на годинашното издание е познатиот македонски актер Никола Ристановски, а изминатите деценија и пол на одржување на фестивалот врамени во монографијата на Гоце Ристовски – “Со театар до Балкан без граници” ќе бидат претставени пред публиката на свечена академија на 30 септември.
На “штиците што живот значат” во НУЦК Крива Паланка ќе настапат повеќе македонски театри и театри од Хрватска, Србија и Бугарија, со најновите и најатрактивни театарски претстави.
“Крива Паланка – Град на културата 2024”