Со претставата “Љубовна терапија”, во изведба на Народниот театар при НУЦК „Трајко Прокопиев“  од Куманово, започна 16-тиот Меѓународен театарски фестивал “Св. Јоаким Осоговски”.

Mладата актерска екипа ја воодушеви публиката во преполната сала на НУ Центар за култура Крива Паланка,  не само со актерската игра, туку и со современата тема што ја обработува- врските на младите во 21 век и апликациите за запознавање.

Динамичните сцени, комични ситуации и метафорични реплики измамија смеа и аплаузи кај публиката, а актерската екипа  играше на огромно задоволство пред кривопаланчани.

На втората фестивалска вечер (28 септември), гостува Народниот театар од Велес со претставата “Вечера за глупаци”.

Претставата почнува во 19,30 часот,а билетите се продаваат на билетарницата на НУ Центар за култура од 12,00-19,30 часот.

✨ Крива Паланка -Град на културата✨

Големина на фонт
Контраст