Жителите на улицата”Моша Пијаде” во Осичка маала од денес чекорат по нов асфалт.
Со поставувањето на нов асфалт на улицата “Моша Пијаде” комплетно е завршен проектот со кој за реконструкција и асфалтирање на трите улици во оваа населба, заедно со “Партизанска” и “8 Септември”.
Со тоа , вложени се 8.000.000 денари од Развојната програма на Општина Крива Паланка, а локалната самоуправа на општината продолжува со интензивните заложби за урбана Крива Паланка, за обезбедување подобри услови за сите жители.