Во чест на големиот јубилеј, 80 години слободна Крива Паланка, свечено беше пуштен во употреба и обновениот Виолетов мост. Тој е еден од петте моста, кои до крајот на месецот ќе бидат реконструирани и обновени.
Финансиските средства за реализација на проектите за реконструкција на 5-те мостови на Крива Река, се обезбедени од Владата на РС Македонија уште од декември 2023 година.
Крива Паланка е единствената општина во државата која во целост ги обновува сите градски мостови, а инвестицијата е во висина од 40 милиони денари.
Како што изјави гадоначалникот Митовски, локалната самоуправа посветено и континуирано реализира проекти за жителите на општината и нивните потреби, создавајќи дела што остануваaт како траен белег во градот, давајќи му модерен изглед на централното градско подрачје.