Во рамки на свеченостите за одбележувањето на јубилејот “80 години слободна Крива Паланка“ се оддржа и четвртата традиционална гастрономска манифестација “Шопска софра” која понуди лепеза традиционални специјалитети од кривопаланечкиот крај, приготвени од вештите раце на искусните домаќинки од Крива Паланка, како и учениците од угостителско туристичка струка-готвачи при СОУ „Ѓорче Петров“.
Секој што бил во Крива Паланка го памети и раскажува вкусот, автентичноста на специјалитетите од паланечката кујна, кој е вистински потенцијал за развој на гастрономски туризам.
Општина Крива Паланка по четврти пат ја организира манифестацијата „Шопска софра“ со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РС Македонија.