Избран новиот состав на Локалниот младински совет

Денес во просториите на Општина Крива паланка, Локалното собрание на млади, на непосредни избори со тајно гласање ги избраа членовите на новиот Локален младински совет.

Согласно со постапката, Локалното собрание претходно имаше распишано Јавен повик за членови на Локален младински совет на кој можеа да се пријават младински организации, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување, кои имаат активности на територијата на Општина Крива Паланка под услов, номинираните членови да се жители на Општина Крива Паланка и да се на возраст од 15 до 29 години.

Од вкупно номинираните шест кандидати за членови на Локалниот младински совет беа избрани пет кандидати и тоа:

  • Михаела Јанковска –  Центар за младински иницијативи Цик -Цак
  • Сара Стојановска – Пингпонгаскиот клуб – Крива Паланка
  • Никола Митовски – РЦС “Спектар“
  • Анастасија Илиевска – Општинката организација на Црвен Крст Крива Паланка
  • Нина Стојановска – Здружение за спасување и помош “Спасител“.

Претходно беа разгледани сите пристигнати пријави на кандидатите кои имаа и свое претставување, а ја споделија својата програма и визија по што следуваше тајно гласање за  членовите на Советот на млади.

Градоначалникот Сашко Митвоски  го поздрави изборот на кандидатите и воедно даде краток осврт за политиките, мерките и поддршката што Општина Крива Паланка ја реализира во соработка со младите.

Како што кажа градоначалникот Митовски, Општина Крива Паланка е докажан пријател на младите, отворена за нивните предлози, идеи и иницијативи, затоа што младите се во фокусот на нејзинита работа, а се со цел младите да ги задржиме тука.

„Локалниот младински совет е тело кое директно ќе учествува во креирањето на заеднички политики и мерки за ваша поголема вклученост и поголема проактивност во донесувањето на одлуки кои директно ќе ве засегаат вас младите, за што сум сигурен дека со меѓусебната соработка во иднина ќе имаме уште поголеми успеси и сите заеднички ќе работиме во интерес на младите“, рече Митовски.

Мандатот на членовите на Локалниот младински совет ќе биде дополнително верифициран од Советот на Општина Крив Паланка и тој е со времетраење од две години со право на уште еден избор.

Големина на фонт
Контраст