Делегација на општина Крива Паланка во посета на град Бузет Р. Хрватска

Делегација од општина Крива Паланка, оствари официјална посета на локалната самоуправа и присуствуваше  на манифестацијата „Денот на тартуфите“, а на покана на градоначалникот на градот Бузет, Р Хрварска г.Дамир Кајин.

Во рамките на оваа посета, од страна на  грдоначалникот на градот Бузет, г. Дамир Кајин, беше потпишана и реципрочната иницијатива за воспоставување соработка и пријателство помеѓу Град Бузет, Р. Хрватска и општина Крива Паланка, РС Македонија со цел,  воспоставување и развој на меѓусебни економски, културни и други општествени односи, а во насока на потикнување и развој на локалните заедници.

Иницијативата првично беше потпишана во општина Крива Паланка, по повод празнувањето на Денот на ослободување на Крива Паланка, 8-ми октомври..

Соработката ќе се фокусира на подготовка и реализација на проекти финансирани од ЕУ и други донатори, особено во областа на животната средина, спортот и младите, економските, социјалните, образовните, културните, комуналните и хуманитарните активности, а првите планирани чекори се креирање на заеднички проект.

Првите контакти на двете единици на локалната самоуправа беа воспоставени за време на проектниот состанок одржан во Грција на островот Лерос во јули оваа година, како дел од активностите на проектот REVIVE финансиран преку програмата Interreg Euro-MED и како дел од иницијативата „Иновативна мисија за одржлива економија на програмата Interreg Euro – MED“.

Големина на фонт
Контраст