Општина Крива Паланка подготви родово одговорен буџет за 2025 година (со високи 60 % прифатени предлози од граѓаните) во консултација со граѓаните

Денес во атриум салата  на ООУ  ,,Јоаким Крчовски,,  зграда  Партизан со  почеток во 12  часот, се одржа четвртата Форумска сесија од  родово одговорниот буџетски форум за подготовка на буџетот на општината за 2025 година заедно со граѓаните.

На оваа форумска сесија беа презентирани севкупните резултати, предлозите и препораките  на граѓаните, произлезени од овогодинешниот родово одговорен буџетскиот форумски процес.

Во текот на форумските сесии, беа вкупно  презентирани  10 годишни програми,  од страна на присутните граѓани беа дадени вкупно 99  предлози, од кои 6  предлога не се во надлежност на општината, а 7 предлози  се повторуваат,  од повеќето работни групи што сведочи за важноста на предлозите за заедницата.  11 предлози дават целосна подршка на предлозите на општината. Од останатите 75 предлози  општината прифати 45 издржани и реални проекти, кои денес беа приоретизирани од страна на форумот.

Учеството на граѓаните  во форумот и придонесот кон заедничкото креирање на општинскиот буџет за 2025 година е многу значајно, зошто низ форумскиот процес сите заедно креираме буџет по мерка на граѓаните, кој е прилагоден на потребите на сите жители на Крива Паланка, на сите возрасни групи лица, вклучително и различните категории на  ранливи групи граѓани во заедницата,  пред сѐ, е родово -одговорен буџет.

На сите овие форумски сесии транспарентно, одговорно и посветено беа разгледани, детално и стратешките развојни приоритети на општината и низ процесот на  дискусија и предлагање на граѓански предлози и приоритети успешно  заокруживме  форум, кој креира буџет, кој стремиме да одговори  на  потребите на сите граѓани, затоа што сите ние сме еднакви без разлика дали сме мажи, жени, млади стари со еднакви права  и должности,  но сме со различни потреби  и приоритети. Затоа е и нашата заложба за креирање родово одговорен буџет со кој ќе се алоцираат средства имајќи ги предвид потребите и приоритетите на различните категории на граѓани.

Препораките и предлозите што ги достави форумот до општината, ќе бидат земени предвид и ќе работиме во текот на следната календарска година, на изнаоѓање начини за нивно решавање и реализација.

Затоа, како резултат на форумскиот процес, Општината прифати и ќе реализира високи 60 % од предлозите на граѓаните, зошто ние сме локална власт, која единствено носи одлуки согласно потребите на граѓаните кои денес ги рангираа своите предлози, односно утврдија што е тоа што според граѓаните е нај приоритетно:

РАНГ ЛИСТА:

Број Назив на проект Бод Буџет мкд
1 Отварање на Младински центар и младински културен центар. (22) 241 600 000,00
2 Да се уреди Кадиска чешма за да може да се користи во дадени ситуации

(да се даде на некој да ја одржува). (42)

203 50.000,00
3 Изградба на велосипедска патека покрај кејот на Крива Река. (40) 201 5.812.490,00
4 Урбанистички план-пристап Бегови Бавчи кон Илинден. (5) 197 600.000,00
5 Формирање на туристичко биро на Општина Крива Паланка. (17) 193 300.000,00
6 Превземање соодветни мерки за кучиња скитници (45) 193 1.000.000
7 Едукативни работилници за врсничкото насилство и ментално здравје. (37) 192 18.000,00
8 Урбанистички план за с.Градец-Викенд населба,Испосница -старо училиште.(1) 191 500.000,00
 

9.

 

 

Соодветни (места) пракси на учесниците од средно образование. (20)

 

177

 

Без буџетски импликации

Во соработка со СОУ Ѓорче Петров и Локален Економски Совет

10 Санирање на т.н. Војничка чешма во с.Жедилово на самиот војнички пат непосредно до гранична линија,кај граничниот камен 100. (41) 176 50.000,00
11 Комплетна реконструкција на паркчето и мостот кај Риплеј кафе и негово осветлување.(43) 174 300.000,00
12 Поддршка на локалните уметници – работници и локалните занаети.(32) 171 60.000,00
13 Урбанистички план-соодветен пристап до мостот кој ги поврзува Бавчалк и зградите кај единство. (4) 161 600.000,00
 

 

14

 

За замена на цевките во колективните стамбени згради (кој е одговорен) населението да биде известено за начинот на неговото учество во тоа -Ургентно- кај кого треба да се обратат за да се информираат.(25)

 

 

161

Без буџетски импликации

(Отворени денови-инспектор за домување и општинска администрација)

15 Подршка на училишните спортови.(35) 161 300.000,00
16 Стимулирање на ученици и наставници при одење на натпревари.(38) 153 200.000,00
17 Осветлување на патеката што води до Маневски мост. (39) 149 3.000.000,00
18 Урбанистички план за затворен базен. (2) 146 370.000,00
19 Контрола и казни за несовесни граѓани при фрлаање на отпад.(10) 143 Без буџетски импликации
20 Урбано планска документација за уредување на простор за домување на семејства(урбано планска документација за нови градби). (6) 141 750.000,00
21 Вклучување на училишните хорови и оркестри во сите општински настани ,а со тоа ќе се постигне и нивна поголема афирмација,драмски секции и рецитаторски. (33)  

140

 

Без буџетски импликации

22 Воспоставување на регистар и програма за подршка на осамените лица во руралните средини со акцент на ридско-планинските средини. (13) 137 Без буџетски импликации
23 Урбанистички план за Стационар за бездомни животни.(3) 136 250.000,00
24 Дореализација на проектот и санирање на патот ,реконструкција на патот Саат – Ул.„8-ми Октомври“(кој беше оштетен од поплавите 2023 година).(29) 136 Буџет на ЈПДП
25 Дурачка река и Станци – патот да се рехабилитира. (31) 136 2.000.000,00
26 Обуки за „ Продажба на праг “ – за домашни произведители на храна.(19) 132 100.000,00
27 Поставување одбележје на планинскиот врв Руен. (18) 127 3000,00
28 Служба за одржување и контрола на постоечките туристички капацитети

(локалитети). (44)

127 200.000,00
29 Да се асфалтира патот кон стари градски гробишта. (30) 121 1.000.000,00
30 Редовно чистење и одржување на пропусните места,шахти. (28) 120 200.000,00
 

31

Да се скратат средствата за некои културни настани:

-Предност да имаат нашите македонски пеачи;

-Вклучување на училиштата во повеќе манифестации. (34)

 

120

 

Без буџетски импликации

32 Чистење на дивите депонии. (9) 118 JП Комуналец
33 Обука на лична асистенција на лица со попреченост.

Инфо точка на информирање. (16)

113 Донаторски  средства
34 За одржување на јавна хигиена / јавни тоалети

(водоводна и канализациона мрежа). (26)

108 150.000,00
35 Решавање на водоснабдување во с.Градец. (27) 101 2.000.000,00
36 Поставување ПАКОМАК машина на повеќе места. (8) 98 Без буџетски импликации
37 Кампања и едукација на граѓаните за селекција на отпад . (11) 98 600.000,00
38 Промовирање на економски и туристички капацитети  за привлекување на инвеститори. (21) 93 200.000,00
39 Подршка на стари лица за ракување со средствата за комуникација

(смарт телефони и слични уреди)вклучување на НБО. (14)

87 10.000,00
40 Зголемена соработка на младинскиот совет со општината за организирање на музички настани во соработка со градскиот базен. (23) 87 Без буџетски импликации
41 Промовирање на економски и туристички капацитети  за привлекување на инвеститори. (12) 85 Без буџетски импликации
42 Да се тргнат контињерите пред музеј. (7) 78 ЈП Комуналец
43 Одбележување на денот на лица со попреченост. (15) 70 30.000,00
44 На општинските културни настани да се вклучат и повозрасните лица со учество во спортски активности. (36) 67 Без буџетски импликации
45 Одбележување на денот на млади. (24) 62 40.000,00

Општината продолжува  да  работи и да гради  подобра иднина за сите, за еднакви можности на жените и мажите од сите возрасти, продолжуваме заедно со граѓаните да работиме за поубава Крива Паланка и за идните генерации, нешто што многу често знае да го потенцира и каже Градоначалникот Сашко Митовски.

Во октомври-ноември, идната година, за кога е предвидена петата (последователна) сесија, Општината треба да даде отчет за реализација на граѓанските предлози и приоритети,произлезени од  овој форумски  процес.

Големина на фонт
Контраст