Реконструиран патот покрај Скрљавски дол

Општина Крива Паланка ги реализира завршните градежни активности за реконструкција и рехабилитација на локален пат покрај Скрљавски дол.

Со овие градежни активности што Општина Крива Паланка интензивно ги спороведува на терен, се олеснува пристапот на локалното население до своите приватни домови и имоти, а исто така го подобрува квалитетот на живеење на населението од овој реон во градот.

Финансиските средства за реализација на овој проект се обезбедени од општинскиот буџет  преку Развојната програма.

Големина на фонт
Контраст