По повод 3-ти Декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Градоначалникот Сашко Митовски ги посети штитениците во Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост, каде им го честиташе денешниот ден на вработените и штитениците и им го врачи овогодинешниот подарок од локалната самоуправа, кој беше во согласност со нивните барања и потреби, а воедно им ги предаде и пакетите со нова гардероба, која е обезбедена од страна на Општината преку новата програмска мерка за 2024 г. – доделување на Ваучери за купување на гардероба, по основ на поднесено барање од страна на семејсвата со вакви потреби.
Како партнер и соработник на локалната самоуправа, Општинската организација на Црвен Крст Крива Паланка ја спроведе целосната законска постапка за избор на фирма и доделување на ваучерите на корисниците.
Во рамки на одбележувањето на Интернационалниот ден на лицата со попреченост, градоналчаникот Митовки организираше и традиционален свечен ручек за штитениците и вработените од Одделението за дневен престој.
Штитениците денес имаа еден прекрасен и поинаков ден, на кој со многу радост и восхит ги примија подароците од општината и изразувајќи голема благодарност до градоначалникот Митовски, возвратија со топли прегратки и широки насмевки.
„На Меѓународниот ден на лицата со попреченост, кој во својата суштина го има надминувањето на предрасудите, маргинализацијата и дискриминацијата, ќе потенцирам дека како градоначалник сум почестен и, секако, секогаш среќен со ваквите дружби, бидејќи овие дечиња за мене секогаш се на прво место и во мене имаат вистински другар, но и поддршка и партнер. За нив, јас сум секогаш тука за сè што е потребно.“, рече градоначалникот Сашко Митовски во рамки на ова пријатно дружење.