Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 49-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 31.01.2025 година (петок) во 12,00 часот.
ДНЕВЕН РЕД
1. Предлог-Одлука за за доделување на еднократна парична помош на семејства со прваче во учебната 2025/2026 година на територијата на Општина Крива Паланка;
2. Предлог – Програмаза изменување и дополнување на Програмата за социјална, детска и здраствена заштита за 2025 година;
3. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства за реализација на програмска активност „Еднократна парична помош на деца кои боледуваат од ретки и специфични болести, болест, болнички третмани, хирушки зафати, стари лица и лица во лоша здраствена и економска состојба заради лекување“;
4. Предлог – Одлука за за одобрување на финансиски средства за реализација на програмска активност „Еднократна парична помош на лица со попреченост, тешка и длабока попреченост (пречки во менталниот развој, аутизам, потполно слепо лице и потполно глуво лице)“;
5. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за реализација на програмска активност „Обезбедување на еднократна парична и материјална помош (градежни материјали), на лица во ризик, лица кои претрпеле елементарни непогоди и несреќи, лица не способни за работа, лица со попречености, стари лица по основ на барање доставено од странката”;
6. Предлог-Одлука за давање на согласност за трансфер на средства на други субјекти за реализација наактивности предвидени со Програмата за активностите на Општина Крива Паланка во областа на културата и културните манифестации за 2025 година;
7. Предлог-Одлука за давање согласност на предлог-планот за запишување ученици во прва година во Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка за учебната 2025/2026 година;
8. Предлог- Одлука за доделување на еднократна парична помош на матуранти запишани во СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка во учебната 2024/2025 година ;
9. Предлог-Одлука за Субвенционирање на Фондација „Со срце за Крива Паланка“ за 2025 година;
10. Предлог-Одлука за доделување на финасисики сретства на ОУД „ Боро Менков„ Крива Паланка за исплата на долг по основ на доспеани ,а неплатени обврски ;
11. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2025 година ;
12. Предлог –Одлука за усвојување на Извештај за слободен пристап на информации од јавен карактер за 2024 година – Крива Паланка;
13. Предлог-Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во Општина Крива Паланка за 2025 година ;
14. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.162/2 во КО Мождивњак, Општина Крива Паланка ;
15. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.238/1 во КО Мождивњак, Општина Крива Паланка;
16. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 3089 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка ;
17. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 3277 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка ;
18. Предлог-Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр.394 во КО Добровница, Општина Крива Паланка;
19. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.7603 во КО Конопница, Општина Крива Паланка;
20. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 984 и дел од к.п.бр.991 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка ;
21. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 3192 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка ;
22. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.2520 во КО Осиче, Општина Крива Паланка.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска , с.р.